| 03.07.2008 | 12:00 UTC
Во Улан Батор е мирно
По најтешките немири во поновата историја на Монголија, ситуацијата во главниот град Улан Батур е смирена. Низ улиците на градот според информациите, патролираат припадници на силите за безбедност. Властите претходно воведоа четиридневна вонредна состојба. Лидерот на опозиционата Демократската Партија, побара пребројување на гласовите од изборите, кои ги смета за измама. Изборната комисија соопшти дека владејачката Револуционерна Народна Партија победила со големо мнозинство.











