1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици



 

Вести | 16.05.2008 | 12:00 UTC

Први случаи на колера во Мианмар

Во подрачјата во Мианмар  погодени од циклонот Наргис, се појавија првите случаи на колера . Според податоците на Светската здравствена организација ризикот , луѓето во овие региони да заболат од оваа  заразна болести во меѓувреме е многу голем, пред се поради бактериите во валканата вода. Без терапија , заболените умирата во рок од 24 часа. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ги повика постојаните претставници на неколку држави во светот за да се разгледа стратегијата за пружање најефискана помош за настраданите од циклонот. ОН сакаат да го зголемат притисокот врз воената хунта во земјата поради спорото и попречено распоредување на помошта. Во меѓувреме, Светската програма за храна повторно се пожали дека до сега испорачана помош не е доволна за над 2,5 милиони жртви од невремето. Исто така и воената хунта му се закани на населението со казни ако бидат фатени дека ја препродаваат помошта.

Нови потреси го тресат Сечуан

Нов потрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистрирани во округот Ванчуан каде беше и епицентарот на катастрофалниот земјотрес од 12 мај кој ја погоди јужнокинеската провинција Сечуан. Од ова е е предизвикано лизгање на земјиштето, а во некои региони се прекинати спасувачките активности. На помош веќе пристигнаа и странски тимови од Јапонија, Русија, Јужна Кореја и Сингапур. Местото на несреќата го посети и кинескиот претседател Ху Џингтао. Според последните проценки бројката на жртви до сега е 50 000, но се претпоставува дека уште ќе расте бидејќи десетици илјади сеуште се водат како исчезнати.

Меркел во Перу на самитот ЕУ - Латинска Америка

Германската канцеларка Ангела Меркел е во Перу каде се одржува самитот ЕУ Латинска Америка. На средбата на којашто учествуваат претставници на 60 држави, меѓу главните теми се борбата против сиромаштијата, заштитата на климата и енергијата. Меркел воочи самитот имаше средба со перуанскиот претседател Алан Гарсија во Лима, на која вети германска поддршка за новооснованото Министерство за животна средина во Перу. Таа исто така вети дека Европејците ќе си ги одржат дадените ветувања за помош во борбата против сиромаштијата. 

Тирана бара запирање на насилството во македонската изборна кампања


По брзата осуда на последните предизборни  инциденти во Македонија , Албанија денеска упати и апел до политичките партии да се откажат од насилствата и да се придржуваат на ветувањата дадени пред почетокот на кампањата.  Шефот на албанската дипломатија Љуљзим Баша на заедничка прес-конференција со неговиот белгиски колега  Де Гухт побара политичките партии во Македонија да се придржуваат на една мирна , фер и демократска изборна кампања. Претходно и албанскиот премиер Сали Бериша пак упати директен апел до партиите на Албанците во Македонија да ги надминат недоразбирањата и да се откажат од насилство.

Далај Лама ја продолжува посетата на Германија

Тибетскиот духовен водач Далај Лама ја продолжува посетата на Германија, која предизвикува пак политички превирања во земјата. Премиерот на покраината Хесен Роланд Кох повторно го критикуваше шефот на сојузната дипломатија Франк Валтер Штајнмаер дека одбива да се сретне со духовниот лидер на Тибет.  Инаку денеска Лама ќе одржи говор во градот Бохум, а веќе имаше средби со покраинсите премиери на Хесен и Северна Рајна Вестфалија, како и со претседателот на Бундестагот. Норберт Ламерт по состанокот изјави дека прашањето за Тибет не се работи за барање на некакво посебно право или независност туку за човековите права. Единствен претставник на владата кој во понеделник  ќе го прими Лама е министерката за развој, Хајдемари Вичорек Цојл. Кинеската амбасада во Берлин веќе врачи протестна нота поради средбата.

Буш во посета на Саудиска Арабија


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска престојува во посета на Саудиска Арабија ,  чијшто повод е 75 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји. Според изјавите од Белата куќа , американскиот претседател, ќе изврши притисок врз саусиските власи да го  зголемат производството на нафта , и со тоа да се намали ценовниот притисок на берзите. Буш ќе разговара и за борбата против тероризмот , Блиско-источниот конфликт и спорот околу атомската програма на Иран.

Седум загинати во бомбашки напад во Шри Ланка

Најмалку седум лица загинаа, а 90  се повредени во денешниот бомбашки напад во главниот град на Шри Ланка. Експлозивот бил поставен на улица на која поминувал полициски автобус. Според армијата зад нападот стојат тамилските бунтовници, кои од 1972 година се борат за независност на северниот дел на земјата.

100 загинати во пожар на нафтовод во Нигерија

Најмалку сто лица го загубија животот, а дваесеттина се ранети во пожарот којшто избувнал на нафтовод во предградие на нигерискиот град Лагос. Инцидентот се случил кога со градежната механизација била пробиена цевка од нафтоводот и излиената нафта се запалила, по што пожарот брзо се проширил и во околното населено место.

Русија уапсила грузиски шпион

Руската федерална служба за безбедност уапсила шпион од Грузија кој дејствувал во јужниот дел на земјата со цел да го дестабилизира регионот, соопштија денеска од разузнавачки извори. Според нив, агентот организирал контакти меѓу грузиските тајни служби и припадници на илегални вооружени груи на руска територија. Ова следи по ескалацијата на тензиите меѓу Грузија и Русија, поради најавата на Москва за продлабочени врски со грузиските сепаратистички републики Абхазија и Јужна Осетија.