1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УНИЦЕФ-фотографија на годината

23 јануари 2024

Фотографијата на полскиот фотограф Патрик Јарач од Украина е прогласена за фотографија на годината на УНИЦЕФ.

https://p.dw.com/p/4bZYf
Фотографија на годината на УНИЦЕФ: Деца играта на ливада во Украина
Фотографија на годината на УНИЦЕФ: Деца играта на ливада во Украина (фотограф Патрик Јарач)Фотографија: Patryk Jaracz/Unicef/dpa/picture alliance

Под темните облаци на војната, петгодишната Алина во придружба на своите другарки учи да вози велосипед на ливада на северозападот на Украина - момент на безгрижност во време на ужас. Претходната ноќ руски дрон го запалил магацинот за нафта. На оваа фотографија полскиот фотограф Патрик Јарач има фатено „многу трогателна сцена со еден многу впечатлив контраст“, изјави на доделувањето на наградата УНИЦЕФ-фотографија на годината покровителката на УНИЦЕФ, Елке Биденбендер, сопруга на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.

На меѓународниот натпревар УНИЦЕФ Германија еднаш годишно прикажува фотографии и фоторепортажи кои на посебен начин ги документираат личноста и животните услови на децата.