DW-WORLD.DEПечатење

04.05.2008

Убеден сум дека Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО

Турскиот претседател Ѓул во посета на Македонија

Ова во Скопје го изјави турскиот претседател Абдула Ѓул по средбата со македонскиот претседател, Бранко Црвенковски. Двете земји имаат одлична соработка, потенцираа двајцата државници

Турскиот претседател Абдула Ѓул, кој беше специјален гостин на самитот на ЦЕИ во Охрид, денеска имаше официјални разговори со македонскиот колега Бранко Црвенковски. Ѓул  ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски. Македонија и  Турција  потпишаа и  договор за соработка на полето на спречувањето, ограничувањето и олеснувањето на последиците од непогоди.

DW-WORLD.DEПечатење

| www.dw-world.de | © Deutsche Welle.