DW-WORLD.DEПечатење

13.05.2008

Операција против трпките во раката

Најпогодени се жените во средни години, односно во т.н.менопауза

Во критичните години на жената, покрај од познатата и популарна остеопороза, таа се соочува и со навидум баналната, но мачна болест за која малку се знае: карпалтунелсиндром. Жените се најпогодени од оваа болест

Ви се случило наутро да се разбудите со оттрпната рака или шака? Или уште полошо - ноќе да ви се скрши сонот зашто едната рака ви се здрвила? Многумина, ваквите симптоми не ги сфаќаат серизно и ги препишуваат на  незгодното спиење и лошата циркулација. Трпнењето на раката и шаката, меѓутоа, може да има подруго потекло. Од тешки дијагнози опасни по живот до банални болести. Во ова време на копјутери, кога со часови се пишува и кога мануелната работа  за многу професии сама по себе се подразбира, споменативе симптоми се сигнал за болеста со сложено име -  карпалтунелсиндром

 

Болест на жените

 

„Сигурно скоро 80 до 90 процентите кои заболуваат од така именуваниот карпалтунелсиндром  (КПС) се жени. Тие чувствуваат трпнење на шаката, на средниот и домалиот прст. Вообичаено ноќе, а чувствуваат и болки што е типична слика за болеста“  - кажува проф др. Петер Брисер, до неодамна шеф на одделот за хирургија и пластика на шаката во Малтезар Болницата во Бон кој од пред месец е пензионер.

 

Станува збор болест на каналот на шаката низ кој минува сноп нерв. Каналот се стеснува и притиска врз нервите кои завршуваат во прстите на шаката. Статистиката говори дека  во Германија 1 процент од сите жени на возраст мегу 40 и 60 години се жалат на споменативе симптоми. Жените заболуваат пет пати почесто од мажите. Го прапшуваме др.  Брисер зошто е ова женска болест ?

 

„Има повеќе причини. Тука е пред се  влијанието на хормионите. Жените во менопаузата почесто се погодени од болеста. Влинаие има и анатмоската структура и предиспозициите .Кај жените каналот е анатмомски потесен, па оттаму и почестиот проблем“.

 

Значајна е вистинската дијагноза

Само со детало испитување, може да се одреди вистинската дијагнозаBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Само со детало испитување, може да се одреди вистинската дијагноза

 

Денес болеста најправилно се дијагностицира со посебни мерења  за моториката и чувствителноста на прстите што е предуслов за вистинско третирање.

 

„Во раниот стадиум болеста може конзервативно да се лекува. Наједноставно е мирување на раката. Во овој стадиум препорачливо е додека  се спие да се користи ноќна шина од гипс.Таа обезбедува мирување и стабилност на  рачниот зглоб. Со тоа се одбегнува виткањето и  зголемувањето на притисокот врз нервот.Во подоцнежните стадиуми кога поставувањето шина и мирувањето не помага, неопходна е операција„ - препопрачува др. Петер Брисер. Таа може да се изведе ендоскопски за што постојат повеќе методи и класично.

 

Со операцијата  се проширува каналот - карпалтунелот каде е лоциран нервот и со што практично се оневозможува притосок врз него, што е и основната причина за болесрта. Најмногу, 90 проценти од пациентите по првата недела од оперцијата се ослободени од тешкотиите и симптомите.Кај останатите, подобрувањето е по првите три недели од операцијата“ - ги појаснува др. Петер Брисер ефектите од интервенцијата која главно се врши амбулантски.

 

 

 

 

 

 

 

Силвера Падори

DW-WORLD.DEПечатење

Силвера Падори | www.dw-world.de | © Deutsche Welle.