DW-WORLD.DEПечатење

16.05.2008

Паровите од кариера - нов и свеж “ветер” во Германија

Се‘ повеќе мажи си земаат време за децата и веќе не се само „хранители“, туку и воспитувачи: Урсула фон дер Лајен

Брачните партнери со врвни кариери и деца и во Германија се реткост. Но, ги има се‘ повеќе и се‘ почесто. Ова го покажа најновата студија, која ја навести нов тренд - „ин“ се кариерата и децата

Мажите на врвни позиции во Германија имаат две алтернативи. Или семејството ќе го организираат исклучуително традиционално - со сопруга која стои зад неговата успешна кариера и целосно е посветена на домот и децата. Или - ќе станат успешни, богати и проклето осамени .

Неопходни промени

Оваа втората и не многу посакувана алтернатива, е реалност на околу 70 проценти од универзитетски образованите Германци кои во трката по кариера се откажуваат од приватниот живот, семејството и децата. Така е зашто е доажано дека само стопроцентниот ангажман, во делник и празник, ставањето на располагање на сопственото време е гаранција за успех! Но, дека и во Германија работите почнуваат да се менуваат покажа Студијата на Фондацијата Бертелсман и Европската академија за жената во политиката и стопанството. Иако беа опфатени само 1.200 испитаници, што не е ни репрезентативен примерок, реаултатите покажаа дека сепак е можно да се спои кариерата, семејството и децата.

"Новите парови не се мнозинство. Но, се во тренд, во се поголем број и со се поголемо значење. Затоа што имаме извонредно образована генерација жени кои сакаат да имаат кариеа, но и деца. Но, и исто толку обрзазовани мажи, кои покрај професионалниот успех посакуваат да бидат и активни татковци, а не само хранители присутни во викендите” - вели ресорната сојузна министерката за фамилија Урсула фон дер Лајн. Според неа комплетната предаденост на професијата и таквата програмираност не му носат успех на општеството: ни од човечки-социјален, ниту од економкси аспект. Водат кон студенило во односите, уништувачки наталитет, недостиг на кадри и заминување на експертите онаму каде им е подобро. Затоа кариерата и децата се повеќе од неопходност.Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  

"Полека почнуваме да сфаќаем дека може и мора поинаку. Возможно е деца и карира. Свесно карира, не само работа. Ова води кон повеќе деца, повеќе иновации, ориентирање кон иднината и се она што го карактеризира модерното општество!” еалаборира фон дер Лајн според која за новите парови сплотеноста меѓу семејството и професијата не е повеќе тема за мажот или жената, туку за нив како родители. Тие себе си силно се дефинираат како родители и во оваа смисла многу нешта се променети. Мажите си земаат време за децата, користат и породилно отсуство. Ги повиваат децата, ги решаваат проблемите со своите пубертетлии и тинејџери. Се повеќе својата улога не ја гледаат како хранители, туку повеќе и посилно како воспитувачи. Оттаму, време е овој нов имиџ да биде и општествено потврден.

Менаџмент на времето

Паровите во кои партнерите имаат успешна кариера според Студијата “Деца и кариера - нови парови” живеат во големите градови или во нивната околина. Во просек имаат две деца и годишна бруто заработувачка од над 100.000 евра.

"На паровите им успева да ги спојат децата и кариерата. Но, за тоа плаќаат своја цена. Не само во финансискси смисла за згрижување на децата и домакинството, туку и пошироко ” - Објаснува и Хелга Лукошат, раководител на Европската академија за жената во политиката и стопанството .

Со оглед што станува збор за лица кои водат успешни приватни фирми, или се универзитетски професори, јасно е дека имаат доволно пари па може да платат приватно згрижување, приватни градинки, приватни учители по музика, јазици, спорт... За тоа просечно инвестираат меѓу 1.000 и 2.000 евра месечно. Она што не им успева да купат со парите е - времето. Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  

“Згрижувањето на децата и менаџирањето на времето за овие парови се најголем предизвик. Повеќе од половината изјавија дека сакаат да имаат повеќе време за децата, додека дури 90 проценти не се задоволни со времето кое го минуваат со партнерот ”- ги пренесува деталите од Студијата Лукошат.

Децата навикнати на стилот

Како во целата ситуација им е на децата ? Дали новите и нови лица во нивната средина го гарантираат нивниот нормален психички развој? Колку успешните раководители и парови се и успешни родители? Искуствата се различни. Одговорот од сите е единствен и неподелен: успешните парови се и успешни ропдители.

Симоне Сиебек е вице претседател на корпорацијата Хенкел. Признава дека нејзините деца, кои сега се во школска возраст, не легнуваат во 7. Тогаш отприлика таа и сопругот се враќаат дома и ја започнуваат втората или трета “смена” на дружење и комуникација. Дали и колку децата се погодени од ваквиот ритам на живеење Симоне објаснува:

"Тоа е наш модел, наша заедничка форма на живеење. И децата се интегрирани. Од мали ги носевме во ресторани, кај пријатели, не беа принудени, туку го сакаа тоа. Учествуваа во дружењата, беа радосни, уживаа”.

Флексибилно работно време

Ова иускуство е своевидна потврда дека за врвна кариера е неопходна присутноста на работното место. Овој проблем го регистрираат сите испитаници во Студијата. Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:   Затоа и инсистираат на флексибилно работно време. Зашто присутноста не секогаш мора да значи и максимална ефикасност. Може ли ова да им се објасни на претпоставените? Со оглед што дел од успешните парови се на раководни позиции и имат в глава што значи семејството и времето минато со него, претпоставка е дека тие барем ќе бидат флексибилни кога е во прашање истата проблематика кај нивните вработени.

"Морам да дополнам дека од моето животно искуство научив многу работи. Станав многу потолерантен зашто во фирмата има исти ситуации како оние што ги имам јас дома. Во претпријатието сме многу зависни од лекторките, затоа и ги поддржувам. Ова не е говор од подиум, туку реалност. Нашето претпријатие не е големо. Ги знам сите вработени поединечно и приватно, и затоа знам како треба да реагирам за да одат работите добро” - кажува Волфганг Хулкер прв човек на едно издавачкото претпријатие кој е посилната половина на модната дизајнерка Зиги Хулкер. Оваа изјава е и своевидна потврда на констатцијата од Студијата дека раководителите со деца и семејства имаат повеќе разабирања за семејниот живот.

Заменети улоги

Така полека, но сигурно се најавуваи промена на клишето за успешниот маж. Ханс Јоаким Вил е спортис. Со години успешно го водеше сопственото фитнес студио. Неговата собруга Биргит Осендфорф Вил, е прва дама на голема корпорација од Британија. Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:   По раѓањето на децата Ханс Јоаким беше тој што ја презеде грижата за домакинството. Како вели привремено! На прашањето колку тешко му падна да се откаже од својата кариера за сметка на онаа на сопругата контрира:

"Се поставува прашањето дали и јас не направив кариера во моментот кога се откажав од работата за да имам повеќе време за своите деца.За да можам да ја поддржам мојата жена. Сметам дека различни работи може да се толкуваат под поимот кариара !

“ Мојот маж мораше повеже да се бори против дискредитирањето од машките пријатели околку јас. Мене ми велеа : супер, што се прави маж ти! А тој мораше да се соочи со коемнтарите: Што се ти прави женати! Мојот став е дека отсекогашп сум имала мошне еманципиран маж. Задоволна сум што се повеќе се оддалечуваме од клишето и работите се сфакаат како нормални. Често кога ќе се вратам за многу нешта до доцна разговараме. Сметам дека покрај почитувањето, комуникацијата е клучна за добро функционирање на секоја врска, па и брачната” - дополнува Биргит.

Позитивни искуства од “машки” фирми

Во морето негативни има и позитвни искуства околу третманот на мажот од кариера кој едновремено е и татко. Еден од оптимистичките е оној од Аеродормот во Франкгурт што го презентита Мартина Рост, одговорна во Секторото за кадровска рамноправност меѓу мажите и жените.

"Најнов проект од овој аспект е мрежата за татковци која ја основавме. Два три пати во годината татковците ги носат децата на работното место и ги запознаваат со своето секојдневие. Потоа сите одат во канината и малку е невообичаено да се видат татковци и деца во едно претпријатие каде 80 проценти од вработените се мажи. Така, тие покажуваат дека не се само мажи, туку и родители кои се грижат за своите деца.”

Останува значи времето и ситуациите добро да се менаџираат доколку се сака да се биде на врвот, за што Моника Виенфорт, професор по нова историја на ТУ Берлин, чиј сопруг е професор по истиот предмет на конкурентскиот Фрај Универзитет Берлин го пренесува впечатокот дека оние кои успеале да ги спојат кариерата и семејството, во многу аспекти се поефикасни, побогати со идеи, покреативни и реагираат многу побрзо од останатите!

Тие и според министерката фон дер Лајн и според изготвувачите на Студијата се новиот бран во германската реалност. Засега, меѓутоа, само како успешен модел на елитите. Но, добро е што промените барем некој ги започна!

Силвера Падори

DW-WORLD.DEПечатење

Силвера Падори | www.dw-world.de | © Deutsche Welle.