DW-WORLD.DEПечатење

16.05.2008

Тибетанската медицина е добра превенција од болести

Духовниот водач на Тибетанците - Далај Лама

Според тибетанската медицина, сочувството и соживувањето со другиот, се најважниот извор за здрав живот. A, токму тоа е всушност и она што ја прави оваа медицина посебна

Секоја култура има свој поглед на светот, свое знаење, кое еден ден ќе биде исто толку корисно, како лековитите растенија, кои при сечењето на прашумите безмилосно се уништуваат. Тибетанската медицина е наука на која и се заканува исчезнување.

 

„Како превенција на болести таа навистина е ефикасна, а целиот систем е холистички, целосен. Тој не се грижи само за телото, туку и за духот. Јас одамна се лекувам со тибетанската медицина. Затоа знам дека таа е многу добра како превенција, затоа кај акутни болести таа е безнадежна. Во тој случај подобра е класичната медицина„

 

Вака ја опиша Далај Лама тибетанската медицина при една посета во Фрајбург минатата година. Тибетанците слично како и во квантната физика, тргнуваат од тоа дека она што го доживуваме не е воопшто реалноста, туку само слика за реалноста.

 

Тибетанците познаваат две вистини

 

Едната е онаа што ја парципира нашиот ум, а втората е метафизичка вистина, односно онаа на која и се доближуваме преку учење и медитација.

 

Др. Катрин Јегер, лекар по општа медицина, веќе долго време се занимава со тибетанската медицина. Таа преведе две поглавја од оштото стандардно дело старо 800 години и притоа го скицира тибетанското гледање на взаемната поврзаност меѓу духот и телото.

Кај акутни заболувања потребна е сепак стручната медицинаBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Кај акутни заболувања потребна е сепак стручната медицина

„Духовното се отсликува во телото. Поинаку е отколку кај нас, каде емоциите или духовната активност ја гледаме како релативно одвоена од телото. Она што ние сме го обработиле во науката во поглед на биолошката еволуција, во тибетанските претстави го има за духот. Тоа значи, дека она што го правам со духот долгорочно остава последици и врз телото.“

 

Секој од нас треба да го најде своето место во светот

 

 

Човек кој се труди да разбере како функционира светот и да го најде своето место во него, води поинаков живот отколку оној кој светот го гледа како непријателско место во кое постојано треба да се бори. Ставот за светот што го има секој човек, влијае врз начинот на живот и здравјето на луѓето. Тибетанците како да дознале дека има различни патишта кон здравјето и сите се добри: „Тибетанската култура е многу толерантна. Таа ги задржа сите историски факти на медицината, без притоа да си конкурираат меѓу себе. Се работи за различни аспекти на човекот, кои стојат на располагање. Одлуката, што ќе биде земено предвид, е многу прагматична“, објаснува Др.Катрин Јегер.

 

Тибетанската медицина не помага при акутни заболувања

 

Во тибетанската медицина верата, религијата на човекот е земена предвид, а пак Тибетанците сакаат да ја користат западната медицина кога станува збор за хронични заболувања и тешки животни ситуации.

 

Во Тибет пред почетокот на медицинските студии за лекар се посетува религиско-филозофско основно образование. Додека кај нас физиотерапевтите или психијатрите се штитат со „професионална дистанца“, тоа на тибетанските лекари сосема им е непознато, вели Др. Јегер.

 

Сочувството и соживувањето со другиот се најважните извори на здрав живот

 

 

Причина за тоа се нервните клетки, кои во мозокот го отсликуваат она што човекот го гледа, тврди на лекарот и професор за психосоматика од Фрајбург, Јоаким Бауер. Тоа е основа на сите социјални врски и учења. Соживувањето со другиот мора да се учи уште од мали нозе, а подоцна може со помош на медитација да се тренира.

Според тибетанската медицина најважно е да му се даде поддршка на другиотBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Според тибетанската медицина најважно е да му се даде поддршка на другиот

Испитувањето со томограф покажа дека во мозокот на искусен тибетански монах одредени подрачја на мозокот се повеќе развиени, отколку кај луѓето без искуство со медитација. Сознание, кое и без помош на западната наука, на Далај Лама веќе одамна му е познато: „Највредното нешто во нашиот живот е сочувството со другиот. Тоа ни‘ го дава сето она што го сакаме : среќен живот, здравје, повеќе пријатели и повеќе смеење“, изјави во една пригода, Далај Лама.

 

 

Кајо Кутцбах

DW-WORLD.DEПечатење

Кајо Кутцбах | www.dw-world.de | © Deutsche Welle.