DW-WORLD.DEПечатење

30.06.2008

Организаторите задоволни, очекувањата надминати

Ханјц Палме

Според координаторот на австриската влада за организација на Европското фудбалско првенство, штотуку завршеното беше најдобро во досегашната историја на првенствата на „стариот континент“.

Организаторите на Европското првенство се задоволни. Ханјц Палме, координатор на австриската влада за организацијата на шампионатот вели: „Ова е сигурно најдоброто европско првенство во историјата. Тоа секогаш се слуша од организаторите, но ова првенство повторно направи чекор напред, беше прекрасен мирољубив празник, кој се надоврза на Светското првенство 2006-та во Германија“.

Во првичниот биланс Палме уште истакна: „Безбедноста беше в ред, организацијата на сообраќајот исто така. Севкупно, очекувањата се секако во голема мера надминати“.


►◄




DW-WORLD.DEПечатење

| www.dw-world.de | © Deutsche Welle.