100 години од „Тунгуската катастрофа“ во Сибир

На денешен ден пред точно 100 во Сибир се случи голема природна катастрофа, што е единствена во модерната човечка историја. Многу моќна експлозија уништи шума во радиус од преку 30 км.
Околу овој настан се плетеа многу легенди и шпекулации, напишани многу научно фастантични книги. Научниците во меѓувреме знаат за што станува збор.
Селска идила
Животот во селото Ванавара, длабоко во сибирската тајга, на почетокот од 20-тиот век бил многу мирен. Се’ додека на денешен ден во 1908-та година не се случил настанот што во историјата влезе под терминот „катастрофата од Тунгуска“. На небото над Ванвара на тој ден се појавила огромна светлина како од стотици молњи, а неколку секунди подоцна во селото се слушнала и огромна експлозија, што многумина селани дури ги фрлила на земја, а однела и добар дел од вратите и прозорците на куќите.
Научниците ја решија загатката
Дури неодамна научниците ја разоткрија тајната на силната експлозија, што би можела да се спореди со активирање на најсилна замислива нуклеарна бомба. Тие заклучија дека атомосферата експлодирал поголем метеор, кој и согорил во неа пред да ја допре површината, затоа нема кратер и паричиња од метеорот.
„Со модерните сознанија за она што се случува кога некој астероид ќе навлезе во Земјината атмосфера, може да се објасни целиот случај. Тоа небеско тело навлегло имено во атмосферата и на голема висина од 8 до 10 км се распаднало. Поради тоа целиот објект зафатил поголема површина, отколку кога бил во едно парче. Преку триењето со атмосферата делчињата полесно согориле и нивната кинетичка енергија се претворила во топлинска и звучна енергија. Затоа имало толку силна експлозија“ – појаснува научникот Рајнер Вилер од Универзитетот во Цирих.
Нилс Михаелис | www.dw-world.de | © Deutsche Welle.