DW-WORLD.DEПечатење

03.07.2008

Строги казни за кармин и високи потпетици!

Жените во Малезија задолжително носат шамии

Во малезиската покраина Келентан има строги казни ако жените стават кармин или носат високи потпетици. Покраинската влада во регионот претежно населен со муслимани има пропишано строги правила за облекување на жените.

Во покраината Келантан веќе 16 години на власт се исламистите и таму важат поинакви правила од останатиот дел на Малезија. Од друга страна конзервативната исламска партија ПАС во малезискиот национален парламент е само опозиција. И покрај зголемената исламизација во земјата, во главниот град Куала Лумпур се забележува одредена слобода и таму доаѓа до израз модерната страна на Малезија. Наспроти тоа во Келантан, каде мнозинството е муслиманско население, важат строги правила на однесување. Жените во јавноста задолжително носат „чадор“ или „полибералните“ шамија. Алкохол и игри на среќа се забранети, јавно танцување и музички манифестации се организираат со тешки маки, дозволите за тоа строго се издаваат дозволи,  и секако може да се одржат само по вечерната молитва.

Мора да се почитуваат строгите правила

На јавни манифестации, на кои може да присуствуваат и жени и мажи, мора да се почитуваат строгите правила, вели Ануал Бакри, претставник од кабинетот на премиерот во Келантан.

„Може да се одржуваат модни ревии и музички вечери, на кои е дозволено да присуствуваат припадниците на двата пола, но тие мора да ги почитуваат строго утврдените правила на однесување. Мажите и жените мора да седат на одвоени трибини. Секако дека може да се забавуваат, тоа ни е важно. И настапувачите мора да се однесуваат пристојно. Музиката и текстовите мора да ги пренесуваат исламските вредности, за човечноста, убавината и вербата во бог, но никако не смее да има содржини коишто би побудиле сексуалност“. Модна ревија во Куала ЛумпурBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Модна ревија во Куала ЛумпурИако во Малезија само половина од 26 милионското население се муслимани, во Келантан 90% од луѓето се припадници на оваа вера. Секој петок илјадници луѓе доаѓаа во Кота Бахру, главниот град на Келантан, на петочна молитва. Во центарот се местат огромни шатори, и таму мажите и жените, секако одвоено, внимателно ги слушаат молитвите и предавањата.

На жените им е ускратена личната слобода

Поделени се реакциите на луѓето во Келантан за строгите правила. Никој не го доведува во прашање исламот, но пред се жените во Малезија се жалат дека им е ускратена личната слобода.

„Има премногу закони. Како тоа дека жените мора да носат шамии. Постојано сме под притисок“, вели оваа жена од Келантан. Нејзиниот сограѓанин смета:

„Исламот е наша религија. Општеството е најважно, но по коранот“.  Спроведувањето на прописите за однесување за муслиманското население во многу градови и села во Келантан се контролирани од своевидна „исламска полиција“. Ако луѓето не го прифаќаат тоа тогаш нема да ја бираат истата власт, вели Анул Бакри од исламската партија ПАС.

„Барањата, луѓето да се облекуваат поскромно, жените да се покриени, се општо прифатени. Контрола има и на локално ниво. Во Келентан не е издадена ниту една дозвола за игри на среќа, бидејќи тоа може да ги уништи луѓето. И алкохолот е штетен за луѓето. Затоа само малку локали имаат дозволи да продаваат алкохолни пиајлоци. Оној, којшто толку многу сака да пие, ќе мора да оди таму.“

Одлуката за строго облекување се правда со заштита на моралот и честа на жените во Келантан. Се вели дека тие така подобро ќе бидат заштитени од евентуални напади. Освен тоа недозволените сексуални контакти меѓу немажени парови колку што е можно се спречуваат. Казните за забрана за носење кармин или високи потпетици, според малезиската информативна агенција, Бернама се околу 500 ринги, односно 100 евра.




Бернд Муш Боровска

DW-WORLD.DEПечатење

Бернд Муш Боровска | www.dw-world.de | © Deutsche Welle.