DW-WORLD.DEПечатење

21.07.2008

Сржта на проблемот останува

Разговори во Женева

Меѓународните разговори за атомската програма на Иран не донесоа напредок. Иран не даде одговор на понудата за соработка од западот. Разговорите во Женева, се тема на коментарите во весниците.

За женевските преговори околу иранската атомска порграма Франкфуртер алгемајне цајтунг пишува „Отрезнувачки е: За првпат висок американски диполмат присуствуваше на атомските разговори со Иран, а делегацијата од Техеран немаше ништо повеќе да понуди откоклу својата вообичана тврдоглавост. Тоа што на Иранците присуството на државниот секретар на Стејд департментот не им беше вредно ниту како навестување за флексибилност, ја става под знак прашање една од главните претпоставки на претседателскиот кандидат Обама и многу европски скептичари на Буш; дека атомскиот спор би можел да се реши, само ако Вашингтон конечно директно преговара со Техеран.“ смета Франкфуртер алгемајне цајтунг

Ханделсблат на истата тема пишува „Формулата сеуште не е пронајдена, со која и двете страни може да го надминат конфликтот околу иранската атомска програма. Крајно спротивставените позиции нема да може да се протуркаат: Ниту Иран целосно ќе се откаже од збогатувањето ураниум, ниту ќе може да продолжи со својата програма со ненемалено темпо без да ги земе в предвид безбедносните интереси на своите соседи, пред се’ Израел.“ смета весникот Ханделсблат од Диселдорф.

Весникот  Меркише одерцајтунг од Франкфурт на Одра разговорите во Женева ги коментира „Требаше да има значење, тоа што поради американската промена на курсот, безбедносните гаранции за Техеран би можеле да бидат тема за идните преговори. Ова би имало големи последици за двете страни. Вашингтон би морал да се откаже, од надвор да бара промена на режимот. А Техеран не би имал оправдување за тоа, тајно да се снабди со атомски палки кои би служеле за заплашување.“

Виенски Дер Стандард на истата тема пишува „Сега зависи од Иран во наредните две недели да им пријде на партнерите и да покаже дека тоа што јасно не се изјасни во Женева не беше само потег за добивање на време. Што се однесува до сржта на проблемот, збогатувањето ураниум - суштински ништо не се промени. Но повторно се отвори простор за игра, без една од страните да го загуби достоинството. Цврстиот став на Техеран ќе ги зајакне само тврдокорците  - пред се’ во САД. Според мотото: Ви кажавме уште на почетокот. Иран можеби и смета на тоа дека воен удар на крајот на мандатот на Буш е повеќе од неверојатен. Но невозможен не е. А нервозата, не расте само во Израел.“ пишува Дер Стандард.  

DW-WORLD.DEПечатење

| www.dw-world.de | © Deutsche Welle.