DW-WORLD.DEПечатење

21.07.2008

Брзата храна лошо влијае на неродените деца

Брзата храна лошо влијае и на неродените деца

Децата чии мајки во текот на бременоста јаделе брза храна, ги очекуваат здравствени проблеми. Преку хамбургерот, мајките го зголемуваат ризикот дететo да се здобие со прекумерна тежина, срцеви болести или дијабетес

Често се вели „ние сме она што јадеме“, но може да важи и „она што мајка ти изела“ – вели доктор Штефан Бојл. Со тим стручњаци од британскиот кралски ветеринарен факултет, тој го истражуваше влијанието на исхраната на мајката врз 150 штотуку родени глувци. Научниците сметаат дека резултатите се применливи и кај луѓето.

 

Нивниот заклучок гласи: жените кои јадат нездрава, брза храна за време на бременоста, го зголемуваат ризикот нивните деца да развијат редица неповратни здравствени проблеми.

 

Научниците откриле дека проблемите во подоцнежниот живот на човекот можат да бидат предизвикани од исхраната на мајката, како и од нејзината дебелина, зголеменото ниво шеќер во крвта или, пак, холестерол.

 

Истражувањето e објавено во магазинот „Психилогија“

 

Рестораните за брза храна придонесуваат за прекумерна тежинаBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Рестораните за брза храна придонесуваат за прекумерна тежина

Тоа покажува дека поради влијанието на метаболизмот кај потомците, исхраната на мајките кај глувците имала влијание кое траело и после пубертетот, дури иако потомците јаделе здрава храна.

 

Истражувачите ги споредувале потомците на глувците-женки кои во текот на бременоста биле хранети со нездрава храна, а и самите потомци биле хранети со чипс, крофни, колачи и други слатки работи, со потомците чии мајки биле хранети здраво, а и тие самите добивале здрава храна.

 

Потомците на мајките кои добивале нездрава храна, имале зголемено ниво на холестерол и триглицериди

 

Тие се познати ризични фактори за развој на срцеви болести. Забележани биле и зголемени вредности глукоза и инсулин, што е поврзано со дијабет од типот 2.

 

Глувците биле анализирани и после адолесцентниот период, се` до возрасна доба. Докажано било дека глувците, чии мајки биле нездраво хранети, а и тие самите добивале нездрава храна, се подебели во однос на оние глувци чии мајки се хранеле здраво.

 

Резултатите од студијата важат и за луѓето

 

Дебелеењето може да биде и генетски наследено од родителитеBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Дебелеењето може да биде и генетски наследено од родителите

Научниците тврдат дека и покрај тоа што истражувањето било спроведено врз глувци, резултатите можат да се имплицираат и кај луѓето.

 

„Многу основни биолошки механизми кај луѓето се слични со оние на глувците, затоа можеме да констатираме дека резултатите се применливи и кај луѓето“ – изјави професорот Нил Стикленд.

 

 

 

Резултатите го потврдија оно што досега беше познато

 

Тој додаде дека резултатите од истражувањето се во согласност со досегашните епидемиолошки истражувања, што покажуваат поврзаност меѓу дебелината на родителите и дебелината на децата.

 

Заклучокот е дека исхраната на мајката за време на бременоста, но и доењето, се многу важни за долгорочното добро здравје на децата.

DW-WORLD.DEПечатење

| www.dw-world.de | © Deutsche Welle.